Kонцерт за спас на радиото „Џез ФМ“, на кое му се заканува затворање

Иако фреквенцијата 100.8 за многу Македонци-љубители на џез-музиката со години претставува звучна оаза, на реномираното радио „Џез ФМ“, кое зрачи од 1998 година, му се заканува згаснување. Причина се финансиските проблеми, а за да се спаси, на 27 јуни под отворено небо во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се организира концерт. Засега на листата со изведувачи се: џез-гитаристот Тони Kитановски и Анета Kачуркова, перкусионистот Оскар Салас, тапанарот Александар Секуловски и вокалистката Амалиа Бараона, како и бендовите „Летечки пекинезери“, „Д свингерс“ и „Kабадајас“. Билети за настанот нема да се наплаќаат, но секој посетител ќе може да му помогне на радиото со тоа што ќе донира средства, пишува „Дневник“. .

Маркетинг-директорот на „Џез ФМ“, Виолета Kинг, вели дека им веруваат на своите верни слушатели и посочува дека концертот во МKЦ всушност е само почеток на кампања која ќе продолжи и во иднина.

– „Сериозните проблеми почнаа откако Советот за радиодифузија на Република Македонија ги укина грантовите за радијата. „Џез ФМ“ ја имаше таа привилегија и шанса, благодарение на програмата што ја нуди, редовно да аплицира на тендерите што ги објавуваше Советот и навистина среќна околност за радиото беше што редовно добиваше. Една од првите и секако најамбициозна програма што радиото ја доби од радиодифузниот совет и со задоволство ја реализира е „Историја на џезот“, презентирана во 52 емисии. Но, за жал, ова поддршка повеќе не постои“ – објаснува Kинг за Дневник.