На летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, вечерва концерт ќе одржи македонскиот реномиран состав „Љубојна“.
„Љубојна“ ја негува македонска традиционална музика, длабоко во себе европска, со манири и влијанија од Исток. Идејата на составот е да ја изговори музиката како единствен универзален јазик.
Влезот е слободен, а почетокот е од 21:00 часот.