Концепт 37: Изложба на фотографии „Сите наши саботи“

Денеска (22 февруари) во кафулето Концепт 37 ќе биде отворена изложба на фотографии „Сите наши саботи“.

Концепт 37: Изложба на фотографии „Сите наши саботи“

На изложбата ќе бидат претставени најдобрите дела од курсот по основи на фотографија и постпродукција на фотографија во организација на Дејан Џолев во соработка со ПСМ фондација и голем број на предавачи, гости и модели.

На изложбата во Концепт 37 ќе се претстават: Андриана Николоска, Александар Јордановски, Весна Левковска, Владимир Симоновски, Горан Поповски, Димитар Тануров, Даниела Коцевска, Енес Беговски, Јована Савевска, Климентина Тунтева, Кристијан Митревски, Ненад Јевтовиќ, Теона Ристова, Сара Стојчевска, Славјанка Јанева.

Почетокот на изложбата е закажан во 19 часот, а ќе ја отвори Дејан Џолев.