СтартАрт објавува конкурс за краток филм до 5 минути, на тема “СЕГА Е ВРЕМЕ” или “THE TIME IS NOW” од било која област каде може да се предложи или поттикне на промена во уметноста, културата и секојдневниот живот на секој човек.
Во овој конкурс може да учествува секој оној кој има камера и има желба да сними и раскаже своја приказна.
Видеата ќе може да се постираат на страната на www.startart.mk во рубриката „Испрати Свое Дело“ или пак да се постираат на Fan Page-от на СтартАрт.
Победниците ќе бидат бирани од самите посетители на страницата, каде ќе се избира со гласање, а исто така гласањата ќе можат да се остварат преку страницата на Facebook каде ќе се собираат лајковите од најдоброто видео.
Главната награда за победникот кој ќе добие најмногу гласа е 6000 денари, додека видеото кое ќе оствари второ место од гласовите, ќе добие исто така награда од тимот на СтартАрт. Сепак никој нема да помине без награда, останатите видеа ќе бидат промовирани на Фестивалот на Краток Аматерски Македонски Филм.
Конкурсот има за цел да ја поттикне и промовира филмската култура во Македонија, како и да ги поттикне младите на културна интеркомуникација преку јазикот на филмската уметност. Проектот е наречен Do Art, Прави Уметност, кој е почетен дел од големиот проект на Старт Арт – Do „Art, Live Art, Start Art“.