Конференција – Младински инспиративни дискусии

Младинската инспиративна група МК (МИГ МК) на НМСМ на 31.03 во Сити Хол од 10:30 часот ќе ја организира завршната конференција од проектот „Младинско учество“ поддржан од Британска амбасада во Скопје – „Младински инспиративни дискусии“.

Младинската инспиративна група МК (МИГ МК) на НМСМ е составена од девет члена, претставници на организациите членки на НМСМ и претставува група за креирање политики и советодавно тело на НМСМ.

Во изминатиот период, МИГ МК детектира четири актуелни теми за младите луѓе во Македонија и спроведе консултативни процеси во осумте региони (Скопски, Вардарски, Полошки, Североисточен, Источен, Југоисточен, Пелагониски, Југозападен регион) во Македонија со цел да ги вклучи сите засегнати актери во креирање на младинските политики.

Завршната конференцијата „Младински инспиративни дискусии“предвидува сумирање и претставување на добиените препораки од младите, младинските организации, локалните младински совети и институционални актери, кои ќе бидат инкорпорирани во еден документ кој што ќе ги даде насоките кои што треба да бидат земени предвид при креирање на политиките за млади во државата.