Концерт на студентите по соло пеење во чест на професорот Коста Трпков

Во петок, 10 јуни, во Фоајето на Македонската опера и балет ќе се одржи концерт на студентите по соло пеење од државните факултети во Македонија, а во чест на професорот Коста Трпков.

На концертот ќе настапат студенти од класите на професорите: Марија Муратовска-Наумова, Горан Начевски, Славица Петровска-Галиќ, Весна Ѓиновска-Илкова, Борис Трајанов и Ана Дурловски.
На програмата се арии од делата на: В. А. Моцарт, Џ. Верди, Џ. Пучини, Р. Леонкавало, Ј. Штраус, Р. Вагнер, П. И. Чајковски, Ж .Бизе и Х. Пурсел.

Студентите ќе ги придружува оркестарот на Македонската опера и балет, а диригент е Иван Еминовиќ.

Концертот почнува во 20 часот, а влезот е бесплатен. Настанот е насловен „Млади оперски надежи – Коста Трпков“ и се одржува во сеќавање на професорот Коста Трпков, првиот вокален педагог на Факултетот за Музичка уметност во Скопје.