Концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност Концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност | opserver.mk

Студентите на Факултетот за музичка уметност вечерва ќе одржат концерт во склоп на јубилејните 20. Есенски музички свечености.

На концертот што ќе се одржи во просториите на ФМУ, ќе настапат Анел Селим на кларинет, студент на втора година во класата на проф. м-р Стојан Димов, Стефан Неделковски на саксофон, студент на четврта година во класата на вонр. проф. м-р Нинослав Димов, и Мимоза Ќека, студент на трет циклус докторски студии во класата на проф. м-р. Тодор Светиев.

Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е првата високообразовна и научна установа од областа на музичката уметност и балетската педагогија во Република Македонија. Основан во 1966 година како Висока музичка школа, во текот на сите години од своето постоење Факултетот ја врши својата мисија за подготовката на уметничките, педагошките, научните кадри за сите области на музичката и балетската култура и образование. За изминатиов период на ФМУ дипломирале, магистрирале и докторирале над 3000 студенти.

Студентите на ФМУ се редовни учесници на концертните програми на фестивалот „Есенски музички свечености“.