Концерт на „Rush To Relax“ во петок во МКЦ

„Rush to Relax“ повторно се враќа во Македонија во петок (24 септември), најавија од Младинскиот културен центар во Скопје.

„Овој пат во раширена четворочлена гитарска постава –на Дамјан (вокал, гитара) сега му се придружуваат Јан Цизеј (morvern) на бас гитара, Ерик Керпан (Long Dumb Voices) на гитара, и Васја Онич (ujma) на тапани, тројца музички фанатици од љубљанската инди сцена. Енергичните соло настапи (како оној во МКЦ во 2019, кога Rush to Relax го промовираше истоимениот дебитантски албум) се сега надградени во целосен бендовски израз, па не пропуштајте ја искрената и сурова емоција која е во сржта на Rush to Relax“, велат од МКЦ Скопје.

Публиката во живо ќе може да ги чуе дел од новите песни кои ќе се најдат на следниот албум, најавен за следната година.

Влезот е слободен. Концертот ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организирање на настани во отворен простор.