Концерт на камерниот оркестар на Музичка младина во Охрид

Во рамки на Охридско лето, вечерва (30 јули) во црквата „Св. Софија“, со почеток во 21 часот ќе настапи камерниот состав на Музичката младина во Македонија, под диригентска палка на Елена Митревска.

Оркестарот пред присутните ќе се претстави со делата на Толдра, Брамс, Барток и Чајковски.

Музичката младина на Македонија е национална невладина организација која постои за младите да ја развиваат нивната креативност и да им пружи поддршка во нивните први обиди јавно да се претстават на полето на музиката.