Кој универзитет има најдобри професори?

Колеџот Дјук е универзитетот со најдобри професори во Соединетите Американски Држави, покажува годинашното истражување на веб-страницата RateMyProfessors.com, во кое студентите самите го оценуваат наставниот кадар.

Кој универзитет има најдобри професори?

Ова е голема промена на состојбата, затоа што лани Дјук не бил ниту во првите 25 на оваа листа. Минатогодишниот „шампион“, универзитетот Стенфорд годинава се најде на четвртото место. Многу од школите кои лани биле меѓу најдобрите, годинава испаднале од врвот.

Веб-страницата бара најмалку 30 рангирани професори и 30 оценувања на кампусот, за универзитетот да биде земен предвид. И покрај доминацијата на големите универзитети на листата годинава, сајтот инсистира дека големината на установата не се одразува врз исходот на листата.

Според оценките на студентите, најдобар професор годинава е Пени Ливермур, која предава класици на колеџот Лојола. Професорите се оценуваат според неколки критериуми, меѓу кои подготвеност за помош и јасност во предавањето.

Извор: Huffington Post