Нобеловката Светлана Алексиевич е годинешниот добитник на наградата за европска литература „BookStar“ за книгата „Војната нема женско лице“.
Годинешното осмо издание на фестивалот на европска литература „BookStar“ ќе се одржи од 3 до 5 октомври на неколку локации низ Скопје. Организаторите информираат дека во рамки на програмата, на 5 октомври во киното „Фросина“ Алексиевич ќе се јави на видео разговор.
„Војната нема женско лице“ е роман во кој се содржани спомените на стотици жени кои земале активно учество во Втората светска војна. Книгата е првично објавена во 1985 година, а потоа во 2002 е реиздадена дополнета верзија каде Алексиевич ги има преработено цензурираните делови и има додадено материјали што претходно не било дозволено да се објават. Македонската верзија е во издание на Антолог.
Светлана Александровна Алексиевич потканува од украинско-белоруско семејство. Таа е првата новинарка добитник на Нобеловата награда за литература во 2015 година.
Добитници на наградата „BookStar“ во изминатите изданија се Миодраг Мајиќ за „Островот на пелиакните“ (Србија, 2021), Николо Аманити за „Ана“ (Италија, 2020), Евгениј Водолазкин за „Авијатичарот“ (Русија, 2019), Славенка Дракулиќ за „невидлива жена и други раскази“ (Хрватска, 2018), Јуси Адлер-Олсен за „Жената во кафезот“ (Данска, 2017) и Емахан Ајхол за „Убиство во хотел Босфор“ (Турција/Германија, 2016).