Климатски штрајк – збор на годината за 2019

Во година кога протести против климатската криза се одржуваа од Авганистан па сѐ до Виетнам, демонстрациите на „Extinction Rebellion“ го блокираа сообраќајот во големите градови и Грета Тунберг ги повика младите луѓе да ги напуштат часовите и да се спротивстават на политичката неажурност, поимот „климатски штрајк‘ стана збор на годината за 2019 според речникот Колинс.

Секоја година, лексикографите од речникот разгледуваат корпус од шест милијарди зборови и прават листа од десет нови и забележителни термини, а еден од овие термини е прогласен за збор на годината. Дефиницијата за климатскиот штрајк е „форма на протест во која луѓето го напуштаат училиштето или работното место за да се придружат на демонстрации со кои се бара преземање акции против климатските промени“.

Првата употреба на терминот е регистрирана во 2015, кога се одржаа масовни демонстрации за време на ЕУ конференцијата за климатски промени во Париз. Но, масовна употреба на фразата започна при крајот на 2018, кога младата шведска активистка Тумберг одлучи да протестира секој петок пред парламентот. Во септември 2019, околу шест милиони луѓе на глобално ниво се приклучија на светските климатски протести, познати и како „Глобална недела за иднината“.

Лексикографите на Колинс забележале стократно зголемување на употребата на терминот „климатски штрајк“, најголемо зголемување од сите зборови на листата.

Според Хелен Њустид, консултат за содржина во Колинс, секогаш има поделени мислења кога станува збор за климатските промени, но истите се неизбежни оваа година бидејќи кратко го насочија интересот на медиумите кон себе, тргнувајќи го „Брегзит“ од агендата.

Оваа година, изборот забележува тренд на нови кованици поврзани со околината, откако во 2018 терминот „за една употреба“ беше збор на годината, однесувајќи се на пластичните производи кои се употребуваат само еднаш.

Оваа година имаше и други кандидати кои исто така беа поврзани со околината, како на пример „rewilding“ кој значи „одново заживување на природата во региони кои биле опустошени“ и „hopepunk“, именка која се користи за да се објасни „литературно и уметничко движење кое ја слави потрагатаа по позитивни цели во времиња пред неволја.“

Термините кои беа избрани за зборови на годината се политички поврзани, тренд кој е забележан во последните шест години.

Зборовите како „geek“ (немодерна или социјално несоодветна личност)  и „binge-watching“ (маратонско гледање на серии/филмови)  беа сигнали дека се создава нов вокабулар, но скорешните селекции вклучуваат зборови како „Брегзит“ и „лажни вести“. Оваа година, Колинс објавија „Брексикон“ – лексикон со зборови кој го објаснуваат „Брегзит“ процесот, како „Brexiteer” (личност која го поддржува мислењето дека Велика Британија треба да излезе од Европската унија), „cakeism” (политички термин кој се однесува на политичкиот опортунизам; да се земе парче од питата), „flextension” (термин кој се употребува за одложувањето на одлуката на „Брегзит“) и „prorogue” (термин кој објаснува прекинување на седницата на (парламент или друго законодавно собрание без распуштање на истата).

„Речникот нема свое размислување за „Брегзит“ процесот, освен дека самиот процес е доста дарежлив со збогатување на англискиот јазик и истовремено инспирира употреба на старовремски пцовки“, вели Њустид.

„Се чини дека поминало многу време откако за збор на годината имавме неполитички термини, политички наелектризирана атмосфера од последните години го води развојот на јазикот, доведува нови зборови во израз и дава нови значења и нијанси на старите значења“, посочи таа.