„Кино утро 2022“ од 13 јануари во Кинотека

Кинотеката, по традиција, првите денови од Новата година им ги посветува на најмладите љубители на филмот и на тинејџерите. Тие од средината на јануари 2022 година ќе имаат можност да погледнат неколку интересни наслови.

За најмладите гледачи од 13 јануари 2022 година ќе се прикажуваат популарните анимирани филмови „Биби, Боби и една снешкастична нова година“, „Каламити Џејн“ и „Патешествието на принцот“ на пладневните проекции во Кинотеката.

Со „Биби и Боби“ младите гледачи ќе можат да се дружат и во попладневните проекции.
Тинејџерите ќе имаат можност да видат неколку играни филмови од поновата продукција.

Тоа се францускиот игран филм „Антоанета во Севените“ и италијанските наслови „Брат ми брка диносауруси“ и „Стакленото момче“. За нив се резервирани вечерните проекции од 19 часот.

Целосната програма може да се види ТУКА.