Кинезите ги исцртуваат објектите во Пекинг кои се невидливи поради смогот

Иако жителите во главниот град на Кина со години се справуваат со тешкиот смог,  загадувањето на почетокот на неделата порасна над сите очекувања.

Како одговор на проблемите, жителите на Пекинг почнаа со објавување фотографии од градот, каде се исцртани некои од неговите најпознати знаменитости, голтнати од загадувањето.

Погледнете ја галеријата во продолжение, која почнува со приказот на Кинескиот светски трговски центар, Кулата III која е највисоката зграда во Пекинг…

5

4

3

2

1

Пекинг и понатаму се бори со смогот. Во средата, граѓаните успеаја да подишат по ветровите кои помогнаа да се расчисти небото. Тајмлапсот подолу е снимен за време на ветерот, каде може дури и да се види сино небо над Пекинг.