Кинескиот бокс офис го сруши светскиот рекорд

Кино салите во Кина го срушија светскиот рекорд за продажба на билети во една држава за период од седум дена, со заработка од 548 милиони долари.

Рекордната продажба се случи во текот на празничниот период, после кинеската Нова година и Денот на вљубените во неделата.

Овој рекорд го надмина оној од пред шест недели, кога на територијата на Северна Америка беа продадени влезници за Star Wars: The Force Awakens во вредност од 529,6 милиони долари, во периодот од 26 декември до 1 јануари.

За рекордната продажба придонела и комедијата Mermaid на Stephen Chow, која заработила 275,1 милиони за една недела, според агенцијата за мониторинг на бокс офисите од Пекинг, Ent Group.

На второ место е филмот From Vegas to Macau III на Wong King и Andrew Lau, кој заработил 119,6 милиони за седум дена. Блокбастерот The Monkey King 2 пак заработил 116,2 милиони долари, одбележувајќи го третото место на листата.

Извор: Yahoo