Кинески власти прскале вода на сензорите за мерење на квалитетот на воздух за да покажуваат помало загадување

Во Кина се казнети властите на провинциите Џиангкси и Хенан поради упад во уредот на мониторирање на загадувањето, со цел резултатите да покажуваат помалку смог. Ова го соопшти министерот за животна средина.

Државата е во „војна“ со загадувањето на воздухот од 2014 година во обид да ја заштитат животната и политичката штета што беше направена во изминатите три децении од неограничениот економски раст, но спроведувањето било постојан проблем.

Министерството за заштита на животната средина соопшти дека властите во Ксинју во Џиангксу и Ксинјанг во Хенан, ги намалувале емисиите на загадување прскајќи водата на сензорите за квалитетот на воздух.

И двата градови се најголемите произведувачи на загадување од енергетски интензивните обоени метали како алуминиум и бакар. Властите во двата града соопштија дека одговорните се отпуштени и ќе добијат „административни“ казни.

„Без оглед на тоа дали тие негираат дека намерно го направиле тоа и дали има очигледно влијание врз податоците за емисии, прскањето на водата врз точките за земање примероци за мониторинг на квалитетот на воздухот го нарушува нормалното функционирање на мониторингот на квалитетот на воздухот”, објави Министерството.

Министерството се обиде да воспостави систем за следење на емисиите на национално ниво во реално време за да помогне во борбата против загадувањето и да се осигура дека нивните правила се спроведуваат низ целата земја.

Но, исто така, беше принудено да се бори против широко распространетото фалсификување на податоците, при што локалните власти беа обвинети дека се обидуваат да ја избегнат одговорноста со злоупотреба или оневозможување на опрема за мониторинг. Некои фирми, исто така, се обиделе да го избегнат следењето работејќи само ноќе.

Министерството одлучи на локалните власти да им биде забранет пристап до сите 1.436 мониторинг станици.

Ова не е првпат градот Хенан да биде критикуван поради тоа што не успева да го задржи интегритетот на податоците за квалитетот на воздухот, при што министерството ги обвини локалните фирми за обезбедување на лажни бројки за емисии во март минатата година.

Локалните служби за заштита на животната средина во северозападниот град Ксиан, исто така, беа казнети за полнење на сензорите со памук и отстранување на лентите за набљудување.