Производството, продавањето и користењето на пластични кеси станува нелегално во Кенија, а властите велат дека пред сè сакаат да ги сузбијат производителите и продавачите.
Кенијците кои произведуваат, продаваат, па дури и користат пластични кеси, ќе ризикуваат да одлежат четири години затворска казна или да платат 40.000 долари од денес. Ова е најстрог закон кој има за цел да го намали загадувањето со пластика.
Државата во источна Африка стана една од 40 земји кои ги забранија, делумно забранија или оданочија пластичните кеси за единечна употреба, меѓу кои се и Кина, Франција, Руанда и Италија.
Многу од кесите завршуваат во океаните, ги дават желките и морските птиците и ги исполнуваат стомаците на делфините и китовите со ѓубре, сè додека не умрат од изгладнување.
„Ако продолжиме вака, до 2050 година, ќе имаме повеќе пластика во океанот отколку риба“, вели Хабиб Ел-Хабр, експерт за поморско загадување кој работи за програмата за екологија на ОН во Кенија.
Пластичните кеси, на кои Ел Хабр вели дека им требаат 500 до 1.000 години да се разложат, влегуваат и во синџирот на исхрана на луѓето преку рибите и другите животни. Во кланиците во Наироби, некои крави кои биле наменети за човечка консумација имале 20 кеси во стомаците.
„Ова е нешто што го неимаше пред 10 години, но сега го правиме речиси секојдневно“, вели ветеринар од Кенија, Мбути Кијанџуи.
Законот на Кенија и дозволува на полицијата да уапси било кој кој носи дури и носи пластична кеса. Но,министерката за екологија, Џуди Вакхунгу, вели дека властите пред сè директно ќе ги таргетираат производителите и снабдувачите.