Канадскиот премиер Трудо е најновиот херој на Марвел

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, се појави на насловната страница на најновото издание на стрипот на Марвел, „Граѓанска војна II: Избирање страни“.

На насловната страница на изданието број 5, 44-годишниот премиер е прикажан како седи во бокс ринг, носејќи маица на која е извезен јаворов лист. Зад него се Пак, Сасквоч и Аурора, членови на канадскиот суперхеројски тим Алфа Флајт, а Ајрон Мен стои во левиот агол.

Стрипот ја раскажува приказната на нов лик наречен Улисеј, кој може да гледа во иднината, а тимот Алфа Флајт не може да се согласи за тоа дали да ги искористи информациите за да уапси потенцијални криминалци.