„Како што е“ – изложба на Антони Мазневски во Чифте амам

Од синоќа во Чифте амам официјално е отворена изложбата на најновиот ликовен проект „Како што е“ на уметникот Антони Мазневски.

Проектот го афирмира интересот за космичката интеракција но и можноста за реинтерпретација, демонстрација на метод и ракопис, животен пулс.

Целта на изложбата е да се презентира поновата, седумгодишна продукција на авторот пред јавноста, да се предочат истражувањата и усовршувањата во полето на ликовната естетика, филозофската мисла, занаетските квалификации, да се упати или повика Другиот на разговор.

Изложбата ќе може да се посети секој ден, освен понеделник, од 10-18 часот.