Како можат да се преземат податоците кои Фејсбук ги чува за своите корисници

Фејсбук зачувува огромна количина на податоци за своите корисници. Но, мал трик може да им овозможи да видат што социјалната мрежа памети за нив.

Алатките за податоци на веб страницата им овозможува на сите да влезат во сајтот и да видат се што е зачувано – локации, активности, лични податоци и се што некогаш корисниците напишале.

Повеќето од податоците зачувани во информацијата достапна за преземање, може да се најдат на други канали, како засебни профили. Но, други делови од нив се многу специфични и не е лесно да се најдат на друго место – како на пример комплетните информации за секој пат кога сте се логирале на Фејсбук, каде и како тоа сте го направиле.

Најочигледниот начин е да се оди кон „activity log“ алатката на Фејсбук, која покажува хронолошка листа на сè што сме направиле на Фејсбук, од објави кои сме ги „лајкнале“ до пребарувањата.

Но, постои и друг начин: да се спуштат сите податоци од посебна веб страница. Тоа се прави преку одење на опцијата „подесувања“ и избирање на можноста „Download a copy of you Facebook data“.

Таму, може да се најде сè што Фејсбук признава дека го собира од своите корисници. Преземениот документ го има запишано секој компјутер, таблет или паметен телефон од кој корисникот се логирал на Фејсбук, сè што мисли дека има научено од неговите објави и секој кој некогаш бил додаден како пријател или пратил покана за пријателство.

Во податоците е забележана и секоја порака која некогаш била испратена, но не и нејзината содржина.

Технолошките компании кои заработуваат преку реклами, како Фејсбук и Гугл, испраќаат дел од информациите кои ги користат од корисниците, доколку тие тоа го побараат. Можно е да се добие дури и подетален список на сè што корисникот правел на Гугл, на пример, преку проверување на „My Activity“ линкот на веб страницата.

Но, тоа значи и дека истите тие податоци можат лесно да стигнат до погрешни раце. Секој кој има пристап до профилот, може да ја следи активноста на тој корисник и да ги преземе неговите информации, па дури и да ги продава за маркетиншки цели.