Како луѓето предизвикуваат смртоносни земјотреси

Земјотресите често се сметаат за претежно непредвидливи и исклучиво природни сили на природата – но тоа можеби се менува.

Истражување објавено во весникот Seismological Research Letters неделава идентификуваше 730 локации каде човечката активност предизвикала земјотреси, во текот на последните 150 години. Иако одамна знаеме дека луѓето можат да влијаат на сеизмичката активност, истражувачите се изненадени што откриле дека човековата активност катализирала земјотреси со магнитуди од дури 7,9 степени, а тој број на земјотреси расте во некои региони во светот.

Баш како и земјотресите предизвикани од природата, земјотресите предизвикани од луѓето имаат потенцијал да бидат опасни, па дури и смртоносни. А, геолозите штотуку почнуваат да разбираат кои се реперкусиите кои потресите можат да ги имаат на луѓето и околината.

Еве што знаеме:

Каков вид на човекова активност предизвикува земјотреси?

Ефектите на земјотресите предизвикани од човештвото може да бидат слични на оние создадени од природата, но често се наоѓаат во региони со мала или никаква претходна сеизмичка активност. Повеќето природни земјотреси се случуваат крај раседните линии, кои често (но не исклучиво) се наоѓаат на места каде се спојуваат тектонските плочи. Но, земјотресите предизвикани од човековата активност се случуваат и далеку од краевите на тектонските плочи.

Што точно ги предизвикува индуцираните земјотреси, зависи од типот на човечка активност.

Според податоците приложени во истражувањето, рударството е должно за најголем број вакви земотреси во светот (многу од земјотресите се случувале околу 271 област). Отстранувањето на материјали од земјата може да предизвика нестабилност, што води до непредвидени колапси кои предизвикуваат земјотреси.

Повеќе земјотреси на 167 места, а досега и најсмртоносните, биле предизвикани од нешто што во истражувањето го нарекуваат „запленување на резервоари со вода“, или градба на брани.

Во 2008 година, проценет број од 80.000 луѓе умреле или исчезнале после земјотрес од 7,9 степени во кинеската провинција Сичуан. Научниците веруваат дека бил предизвикан од тежината на 320 милиони тони вода собрани во резервоарот Зипингпу, над добро позната раседна линија.

Во САД, дебатата за земјотреси индуцирани од луѓето претежно се концентрира околу посебниот метод на вадење масло или гас од земјата, со вбризгување на студена течност под карпи, земја и слично, наречен „fracking“. Овој метод често се применува, поради брзото ширење на технологијата во многу држави. Според Геолошката анкета на САД, ваквиот начин на екстрахирање ресурси може да индуцира сеизмичка активност, и директно, и преку фрлање на отпадна вода која се користи во процесот. Нус-производот на водата, песокот, како и хемикалиите кои се користат хидраулички да се одделат водојаглеродите од каменот. Таа отпадна вода под висок притисок може да распука карпи и да ги подмачка раседите.

Во студијата, авторите нашле 20 места каде земјотресите биле предизвикани од дупчење за масло или гас, 36 места каде земјотресите настанале после ископувањето и 12 места каде имало помали потреси поради отпадни води и масла. Во случајот на Оклахома, каде многу се ископува, стотици помали земјотреси се случуваат секоја година во реон кој порано бил геолошки тивок.

Земјотреси се случуваат и поради нуклеарни експлозии на 22 места како и на две градилишта.

„Сите антропогени проекти влијаат на силите кои делуваат во кората на Земјата“, вели Мајлс Вилсон, геофизичар од Универзитетот на Дурам, кој ги собирал податоците за истражувањето. „На пример, преку додавање или одземање на маса, така што не треба да бидеме изненадени што Земјата одговара на овие промени и во некои случаи, одговорот е земјотрес“.

Зошто се почести?

Вилсон собрал податоци за земјотреси потикнати од луѓето кои датираат од пред еден и пол век. Веб страницата им овозможува на посетителите да пребаруваат потреси по датум или регион, или да копаат низ податоците како магнитуда, локација и причина.

Корисниците можат да пријават и дополнителни случаи кои мислат дека треба да бидат додадени во датабазата.

Датабазата вклучува 108 локации кои доживеале вакви потреси во изминатата деценија, рангирани во магнитуди од најмали, па сè до 5,8 степени. Повеќето од овие потреси се случиле во САД и Канада и се предизвикани од фрлање на отпадни течности во земјата.

„На долг рок ќе почнеме да гледаме повеќе случаи на зголемена сеизмичка активност низ светот, како што го зголемуваме бројот и размерот на антропогените проекти кои влијаат на Земјата“.

Рударството, исто така, се очекува да се зголеми во размер. Денешните рудници се поголеми од кога и да било досега, а достигнуваат до километри под земја. Сета оваа активност може да доведе до повеќе нестабилност во Земјата, до повеќе и поголеми земјотреси, предупредува Вилсон.

Понекогаш „антропогената активност е последната сламка која го ослободува наталожениот стрес на земјата“, вели геофизичарот.

Што можеме да очекуваме?

Работата на Вилсон на универзитетот на Дурам била делумно платена од холандската компанија за нафта и гас, Nederlandse Aardolie Maatschappij BV, која била заинтересирана за потенцијалните влијанија кои ги прави на природата. Преку подобро разбирање на земјотресите, инженерите можат да работат да ги намалат, смета Вилсон.

Тешко е да се верува дека луѓето ќе престанат да копаат во Земјата или да вбризгуваат отпадна вода во неа наскоро. Но, Вилсон вели дека можеме подобро да се подготвиме да ги избегнеме најлошите катастрофи, како кинескиот земјотрес во 2008 година.