Како да паднала бомба – раст на дивото кампување во природата

Убавата природа и заштитените подрачја се на ризик откако се зголеми бројот на неодговорни кампувачи кои зад себе оставаат купишта ѓубре и запалени огнови. Истовремено, се стравува поради зголемената посетеност на конвенционалните камп паркови во летото.

„Нејшнл траст“ која надгледува и менаџира преку 78- милји и 250,000 хектари дозволена и отворена почва за кампување во Велика Британија, истакнала дека е забележан раст во дивото кампување, каде илегалните кампери оставаат голема количина на ѓубре, па понекогаш и самите шатори, зад себе.

„Сведоци сме на пластичен, фестивалски менталитет кои претходно не сме го искусиле. Оваа појава не само што предизвикува временски проблеми поради потребното време за чистење, туку ги одвратува вработените од поважни работи како подобрување на заштитените подрачја и разговор со посетителите. Истовремено, оставеното ѓубре може да ги повреди животните и да им ги уништи живеалиштата“, истакнал Бен Меккарти, одговорното лице во „Нејшнл траст“.

Тој додал дека некои од кампувачите запалиле огнови иако почвата била многу сува.

Советите се соочуваат со зголемен број на неодговорни диви кампувачи. Роб Нолан, член на советот за чиста околина во Корнвол, изјавил дека локалното население започнало да го нервира појавата не неоговорни кампувачи кои се појавувале без резервација и преноќувале на несоодветни места, оставајќи многу ѓубре и закопани фекалии по плажите.

„Оваа година, дел од камп селата не се отворени, а останатите го намалуваат својот капацитет за 50%. Па многу луѓе кои пристигнуваат и дознаваат дека не можат да се сметат, се одлучуваат за старошколскиот начин на кампување. Меѓутиа, немаат опрема за тоа и ние сме приморани да го чистиме ѓубрето кое го оставаат зад себе. Ваквите кампери се во голем број, па почнавме да прегоруваме“, истакнал тој.

Нолан додал дека ваквата ситуација може дополнително да се влоши.

„Ова е најпопуларната сезона и не може да се очекува да се најде сместување ненајавени. Освен тоа, капацитетите се дополнително редуцирани поради коронавирусот“, нагласил тој.

Многу места отворени за кампување и камп села кои се наоѓаат во популарни региони се веќе полни до крајот на летото. Ова загрижува бидејќи голем број луѓе кампуваат без дозвола на јавни и приватни земјишта.

Дури и во помалите делови од земјата, кои начесто се посетувани од одговорни планинари, имале посета од илегалните кампувачи. „Форестри Ингланд“ обично дозволува луѓето да кампуваат на четири специфични локации, но минатата недела кампувањето е забрането на во цел реон поради ѓубрето од несовесните кампувачи.

„Местото изгледаше како да паднала бомба. Имаше осум шатори, 16 столчиња, осум вреќи за спиење, душек и многу многу шишиња“, изјавила Џенифер Вотсон, ренџерка која била во тимот за чистење.

Извор: Guardian