Јужна Кореја со балони испрати илјадници чоколадни пити кон Северна Кореја

Жителите на Северна Кореја добија слатко изненадување од соседите на југот. Околу 200 Јужнокорејци спакуваа голема количина чоколадни пити и ги закачија на 50 џиновски балони за да ги испратат во Северна Кореја, а во знак на протест против актуелната забрана во оваа држава кон чоколадните производи.

South-Korean-balloons

Питите кои се произведени во Јужна Кореја, се мошне популарни во Северна Кореја. Гледајќи ги како можна закана, пред околу еден месец севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун одлучи да ги забрани овие производи.  Питите „Choco Pies“ станаа политички проблем и се гледаат како симбол на капитализмот и претставник на „вкусот“ надвор од Северна Кореја.

Питите честопати се даваа како награда на вредните работници од Северна Кореја, а кои се слабо платени.

2

„Choco Pies се важен инструмент за менување на ставовите … Севернокорејците страдаат и гладуваат, но благодарение на Choco Pies, DVD-а и големата миграција во Кина, луѓето веќе не ја купуваат старата приказна (дека Југот е уште посиромашен)“, вели за Гардијан, Andrei Lankov, експерт по корејски студии.

Во повеќе наврати, жителите од Јужна Кореја, преку балони им праќаа на своите соседи DVD-а, летоци и USB стикови со фотографии од остатокот од светот.

3

Како одговор пак на „бомбардирањето“ со чоколадни пити преку џиновските балони, севернокорејските водачи се заканија дека ќе ги гранатираат луѓето од другата страна на границата.

Извор: Mashable