Јутјуб ќе ја отстранува содржината што промовира небезбеден абортус

Јутјуб објави дека ќе ја тргне целата содржина на платформата што промовира небезбеден абортус. Видеата во кои се вклучени лажни тврдења за безбедноста на абортусот ќе бидат преместени во одделот за дезинформациски политики, јави „Би-Би-Си“.

Компанијата посочи дека ќе обезбедува информации поддржани од факти за здравјето и информативни панели во видеата за прекинување на бременоста коишто ќе се појават како резултати од пребарување.

Американската група за родова еднаквост „УлтраВајoлет“ ја поддржа оваа одлука, но оттаму кажаа дека технолошките компании мора да прават и повеќе со цел да се заштитат луѓето од дезинформации.

Според нив ова сега поитно од кога било, особено по неодамнешното укинување на „Ро против Вејд“.

Од Јутјуб на Твитер пишуваат дека промените ги започнале во четвртокот, а истите ќе продолжат во текот на следните неколку недели.