„Југохромци“ бараат да се повлече на одлуката за исклучување на печките од комбинатот

Со писмо-ургенција до Државната комисија за одлучување во втор степен при Владата, синдикалната организација на „Југохром Алзар“ од Јегуновце бара позитивен одговор на жалбата против, како што велат, неоправданото исклучување на комбинатот. Бараат Второстепената комисија веднаш да ја укине донесената одлука од Инспекторатот за животна средина за исклучување на печките на „Југохром“.

„Доколку комисијата не покаже чувство за реалноста од 1 јануари 2017 година 700 вработени и нивните семејства ќе останат без основна егзистенција“, стои во писмото на синдикалната организација на „Југохром Алзар“, која повторно инсистира државните институции да направат анализа кој го загадува Тетово и колкав е процентот на материи кои се испуштаат од комбинатот.

Исто така, „југохромци“ бараат и управителите на комбинатот со уште побрзо темпо да продолжат со изградба на системот за отпрашување.