ЈСП: Персонализирани картички „Скопска“ имаат 4-годишен рок, истечените да се заменат

ЈСП „Скопје“ ги информира корисници на јавен превоз, сопственици на персонализирана електронска картичка „Скопска“, на која и е истечен рокот на важност, треба да ја заменат за да користат автобуски превозот.

Согласно Одлука за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје од 22.12.2015 година, картичката има рок од 4 години од издавањето.

„Обнова/замена на картичките може да се направи во центрите за персонализација на Транспортен центар (во автобусот), во центарот за персонализација во Карпош 2 и во Аеродром (до ТЦ Капитол), од 6 до 19.30 часот. Замената на картичките е на трошок на сопственикот на картичката и изнесува 200 денари“, велат од ЈСП. 

Во случај картичката да е истечена, а на неа да има неискористени средства, тие системски ќе бидат префрлени на новата картичка. 

„Заинтересираните, статусот на картичката можат да го проверат во центар за персонализација“, соопштува ЈСП.