ЈСП ќе сообраќа по изменет режим за време на „Скопски Маратон 2020“

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ соопштува дека во недела (4 октомври), поради одржување на манифестацијата „Скопски Маратон 2020“, во периодот од 7 до 14 часот, одредени линии ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

Линиите со изменет режим на сообраќање ќе бидат 3, 3Б, 4, 5, 7, 8, 9, 15 и 15А, 16, 21 и 21А, 22 и 22А, 23, 24, 27, 50, 57, 59, 59А, 59Б, 31, 41, 51, 67, 70, 74, 58 и 73.

Повеќе информации каде точно ќе се движат изменетите линии – ОВДЕ.

Градски линии со непроменета траса се 2, 2А, 12, 19, 20, 42, 45 и 65В.
Приградски линии со 11, 11а, 18, 18а, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 62, 63, 63а, 63б, 65, 66, 66а, 68, 69, 71, 81, 118.

„Ве информираме дека сите учесници на „Скопски маратон 2020“, на денот на одржувањето на манифестацијата, ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица)“, велат од ЈСП.