John Cleese: Целта на хуморот е критиката

Зборувајќи за интернет видеосеријалот Big Think, британскиот актер и еден од членовите на легендарниот Monty Python’s Flying Circus, John Cleese изјави дека преголемата политичка коректност и стравот да не навредиме некого може да нè одведе во општество налик на Орвеловата „1984“. Ѕвездата од Монти Пајтон зборува за тоа како неодамна добил совет дека не би требало да настапува на универзитетските кампуси, зашто идејата за политичка коректност толку се проширила, што каков било вид критика може да биде сфатена како „сурова“.

Ветеранот на комедијата, Џон Клиз, вели дека проблемот е во луѓето кои не можат да ги контролираат своите емоции, па се обидуваат да ги контролираат туѓите, а тоа станува загрижувачки, зашто би можело целото општество да го одведе по патот на Орвеловата дистопија. „Ако почнеш да размислуваш: ‘Ох, не смееме да ги критикуваме или навредиме’, хуморот исчезнува, а со хуморот исчезнува и чувството за мерка, и тогаш, што се однсува до мене, живееме во 1984“, додава Монтипајтонецот.

Клиз, чии шеги за Германците и шпанскиот келнер Мануел во серијата „Fawlty Towers“, денес за некого можат да бидат навредливи, вели дека комедијата е критички настроена.

Клиз смета дека британските медиуми секој ден го навредуваат со мрзливоста, гадостите и неточните вести, но не очекува дека некој поради тоа ќе ги спречи да прават такви работи, тој едноставно укажува на проблемот.

Извор: Окно/Big Think