Јавна дискусија на здружението РОМА С.О.С. – „Здравствено осигурување за сите граѓани“

Здружението РОМА С.О.С. од Прилеп организира јавна дискусија на тема “Здравствено осигурување за сите граѓани”, која ќе се одржи на 18 декември (среда) 2013 година, 10 часот, во хотел Холидеј Ин – Скопје во конференциска сала “Скала 1”.

Јавна дискусија на здружението РОМА С.О.С. - „Здравствено осигурување за сите граѓани“

На дискусијата се повикани претставници од: Министерство за здравство, Министерство за финансии, Народен правобранител, ФЗОМ, пратеници од сите политички партии, релевантни комисии при Собрание на РМ и невладини организации, за да дадат свој одговор на поставеното прашање.

Од една страна, се очекува олеснет пристап до здравствено осигурување за сите граѓани согласно законските реформи и владината политика, а од друга – се поставуваат административни бариери со кои на граѓаните им се прекинува правото.
За да се илустрираат проблемите подобро, на настанот во среда ќе се презентира примерот со Повикот на ФЗОМ за поднесување Изјава за остварени приходи за претходна година за лицата со пониски примања кои не се вработени (фебруари – март 2013 година) што доведе до 107.021 осигуреници да се соочат со прекин на правото во април 2013, од вкупно 227.276 регистрирани. Овој повик беше согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, но спротивно на донесена Одлука од Уставен суд.