Јавен повик за осмото издание на „Скопје Креатива“  

Здружението на граѓани „Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата” од Скопје објави јавен повик за осмото издание на Фестивалот за развој на креативни индустрии „Скопје Креатива 2019“, чие мото е „Зелено Скопје“.

Се работи за повик за проекти за реализација наа нови протопит производи и услуги во сферата на креативните индустрии, кои ќе се претстават како дел од програмата на фестивалот.

„’Скопје Креатива’ поддржува и промовира развој на нови и иновативни производи и услуги во сферата на креативните индустрии, како што се: дизајн (индустриски, графички, моден), применети уметности и занаетчиство, изведувачки уметности, нови медии, креативно-едукативни услуги, ИТ технологии и услуги, аудио-визуелни производи и услуги, производи и услуги од сфера на издаваштво и др. Производите и услугите кои се подржуваат во рамки на овој повик треба да имаат утилитарна намена“, стои во повикот.

Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица, државјани на Република Северна Македонија.

Целиот повик со сите критериуми и детали за пријавување може да се прочитаат ТУКА.

Јавниот повик трае од 12 март до 2 април 2019 година. Апликациите можат да се испраќаат до 2 април 2019 година, на пладне (12 часот).

Апликацијата за повикот може да се превземе на следниов ЛИНК.