Јавен повик на „Театар 007“ за нови проекти

Независната продукција „Театар 007“ го отвори отвора јавен повик за доставување предлог-проекти за реализација на театарски претстави во 2015 година. Повикот е отворен за сите режисери, драмски писатели и актери, а со цел зголемување на достапноста и отвореност кон сите театарски работници, кои сакаат и умеат да творат во рамките на независните театарски центри и да создаваат алтернативни, експериментални претстави, различни од репертоарите на институционалните/државни театари.

театар

„Овој повик е направен со цел да се поттикнат сите театарски работници да создаваат проекти надвор од институционалните театри, на тој начин што ќе придонесат воедно и за покритичко промислување на театарското живеење кај нас. Воедно, повикот има за цел да инфилтрира што повеќе млади професионални театарски работници во нашата продукција кои тешко доаѓаат до израз нивните квалитети и потенцијали за работа“, велат од „Театар 007“ .

Претставите се изведуваат на сцената на „Театар 007“, лоцирана во новата „Мала сцена“ при скопската „Универзална сала“. Предложените авторски проекти ќе бидат разгледани од страна на продуцентот и уметничкиот совет на „Театар 007“, а тие што ќе бидат прифатени, ќе бидат навремено подготвени за годишниот Конкурс на министерствотоза култура за финансирање на проекти од национален интерес во култрата за идната, 2015 година, се наведува во јавниот повик на „Театар 007“.