„Секоја година се случува истото. Тој зборува неповрзаности и си заминува“, истакнал еден од преживеаните откако мобилна апликација за плагијаризам проценила 93 отсто повторување во двата говори кои биле оддржани со пауза меѓу неколку дена.
Преживеаните од атомските бомбандирања кои се случија пред 75 години, го обвинија јапонскиот премиер, Шинзо Абе, за несериозност откако тој го пред присутните се обратил со два идентични говори по повод одбележувањето на годишниците од нападите во Хирошима и Нагасаки.
Преку мобилна апликација утврдено е дека во говорот на Абе во Нагасаки, тој повторил 93 отсто од кажаното во Хирошима само неколку денови претходно.
И на англиските верзии на говорите на Абе кои се достапни на официјалниот вебсајт се забележуваат повторувања.
На почетокот на секој од говорите се спомнува името на еден од градовите, за потоа говорот да продолжи со зборовите „ Јас го искажувам моето искрено сочувство за душите на големиот број жртви од атомските бомбандирања. Исто така, сочувствувам и со оние кои сè уште страдаат од последиците на атомските бомбандирања“. Ова е само еден од параграфите кои биле комплетно идентични.
Сепак, Абе користел различни говори кога зборувал за тоа како градовите се реизградиле по поразот на Јапонија.
Околу 140,000 луѓе ги загубиле своите животи во бомбадирањето во Хирошима на 6 август 1945 и неколку месеци по нападот, а околу 74,000 луѓе загинале за време и по нападот на Нагасаки три дена подоцна.
Говорите, исто така имале идентично затворање, каде Абе вели дека се надева за свет без нуклеарно оружје.
Очигледната одлука да нема посебни говори во двата различни града, ги налутило преживеаните од бомбандирањата.
„Секоја година е истото. Тој доаѓа, зборува некои неповрзаности и си заминува, исто како да сака да каже „Ете ви. Пријатно“. Тој само ги променил имињата од Хирошима во Нагасаки, како да не зборува со преживеани од нуклеарна бомба“, истакнал Коичи Кавано, лидерот на Советот на преживеаните во Нагасаки.
Харуко Моритаки, ко-директорот на Алијансата на Хирошима против нуклеарни оружја, го обвинил Абе за неактивен во полето на нуклеарното разоружување.
„Тој вели дека ќе продолжи активно да ги следи барањата на преживеаните кои веќе се сениори, но не презема никаква конкретна активност. Само зборува без да делува, и тоа веќе станува се поочигледно“, истакнал Моритаки.
Преживеаните ги користат сите годишници за да го убедат Абе да преземе мерки за нуклеарно разоружување, додека тие се сè уште живи. Но Јапонија, која зависна на „нуклеарниот чадор“ на САД сè уште не ја потпишала уредбата за уништување на нуклеарното оружје која е прифатена на генералниот собир на Обединетите Нации во 2017 година.
Абе не го посетил Музејот за атомската бомба во Нагасаки за време на посетата, иако преживеаните го побарале тоа од него на средбата од претходната година.
Извор: Guardian