Јапонија стана првата земја во светот која избра транс лице за носител на јавна функција

Јапонија го избра својот прв транс маж за носител на јавна функција. Земјата направи исчекор со изборот на Томоја Хосода за советник за градот Ирума. Дваесет и петгодишниот Хосода победи на 22 изборни места.

Хосода се декларираше како транс, уште додека студираше на медицина на Универзитетот Тејкио, но транзицијата ја почна во 2015 година.

Новоизбраниот официјален претставник изјави дека се надева дека ќе може да ги исполни „очекувања“ на своите гласачи.

„До неодамна, луѓето се однесуваа како сексуалните и родовите малцинства да не постојат. Имаме многу пречки за надминување, но се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на сите“, рече Хосода.

Во едно од своите интервјуа, Хосода рече дека ќе се посвети на ЛГБТ правата, како и на подобрување на животите на постарите и на лицата со попреченост.

„За мене, јавното декларирање е само стартна позиција. Сега треба да се изгради основа за лицата кои треба да тргнат нанапред. Некои ѕидови не можете да ги урнете сами, мораме да работиме заедно и да се помагаме“, вели Хосода.

Тој вели дека неговите пријатели и семејството му биле голема поддршка за време на изборите. Иако е свесен дека ќе биде тешко, тој се надева дека неговото присуство на политичката сцена ќе помогне да се запре дискриминацијата кон транс лицата.

Јапонија го избра својот прв транс политичар во 2003 година, Камикава Аја, но Нов Зеланд беше првата земја во која јавно декларирано трансродово лице стана парламентот, Џорџина Бијер, стана пратеничка во 1999 година.