Јадро – иницијатива за формирање хибридна независна културна институција

ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена, покренува иницијатива за формирање на мешовита установа, хибридна институција која ќе претставува првиот пример за јавно-цивилно партнерство во Македонија, објави Окно.

Со таа цел, во понеделник, со почеток во 11 часот, во просториите на „ЕУ инфо центарот“ се организира јавна расправа, на која ќе биде презентирана политичката и економската оправданост на овој модел, а на која, како што соопштува порталот, ќе учествуваат претставници од граѓанскиот сектор, уметници, културни работници и други заинтересирани страни, како и преставници на локалната самоуправа и централните власти.

Овој модел, кој е втемелен на партнерство помеѓу локалната власт и граѓанската мрежа, составена од организации, поединци и неформални групи, има за цел да обезбеди суштинска децентрализација на моќта и обезмоќување на досегашните практики на партиски влијанија.

„Тоа е единствениот пат кон создавање на организациска и програмска автономија во дејствувањето во сферата на културата во рамки на граѓанскиот секотор но и пошироко“, велат членовите на оваа асоцијација.

„Имаме потреба од место, фокус каде што слободно ќе се изразува урбаниот живот, современите социо-културни практики, простор кој ќе создава автономни, само-организирани содржини, содржини кои ќе го артикулираат нашиот урбан, интелектуален, критички и творечки капитал“, објаснуваат тие.

На линкот е публикацијата во која е опишан моделот и се аргументирани причините за формирање на ваквата институција.

Претседателка на „Јадро“ е Искра Гешоска, потпретседатели се Јане Чалоски и Рамадан Рамадани, а Христина Иваноска Чаловска е претседател на управен одбор, додека членови на одборот се Билљана Тануровска, Ивана ДрагшиќМаја АнгеловскаФилип ЈовановскиЕлена Велјановска и Никола Писарев.