Ја украл СИМ картичката од уред за следење на штрк и направил огромна телефонска сметка

Полска еколошка организација доби огромна телефонска сметка откако го изгуби својот GPS уред за следење кој го поставила на грбот на штрк.

Според полските медиуми, организацијата „Еко лоџик груп“ поставила уред за следење на грбот на бел штрк минатата година за да ја следи навиката на миграција на животното.

Штркот летал речиси 6000 километри и бил следен до долината на Син Нил по што организацијата ја губи неговата трага.

Според „Еко лоџик“, некој го нашол уредот во Судан, ја отстранил сим картичката и си ја ставил на својот мобилен телефон, па потрошил над 20 часа на повици.

Организацијата добила сметка од над 2700 долари, која на крај ќе мора да ја плати.

Поставувањето уред за следење на грбот на штрковите игра важна улога при истражување на миграцијата на птиците, а податоците од овие уреди може да им помогнат на научниците да ги дознаат навиките на птиците, нивното социјално однесување и закани.

Иако белиот штрк не е во ризик, индустријализацијата и одводот на мочуриштата ги доведе овие видови шред истребување во Европа пред околу педесет години.