Измислена камера која во живо пренесува снимки во виртуелна реалност

Тимот зад VideoStitch, програма која спојува заедно снимки за да се создаде видео од 360 степени, ја најави камерата Orah 4i, камера која „стрима“ видео во виртуелна реалност, со голема резолуција на интернет. Преносот може да се следи со поврзани VR очила.

Медиумот виртуелна реалност штотуку почна да се развива, а иноваторите сé повеќе експериментираат со оваа нова технологија. Досега се направени видео игри кои се играат „од лична перспектива“, филмови и интерактивни диорами, но снимки кои се пренесуваат во живо во виртуелна реалност досега немало.

Целиот Orah4i сет е мал и може да го собере во ранец. Камерата е голема колку бејзбол топче, а освен неа добивате компактен компјутер кој се нарекува „кутија за спојување“. Тој го пренесува видеото на интернет.

Orah 4i има четири леќи „рибино око“, две кои снимаат нагоре и две надолу. Компјутерот има 120 гигабајти меморија, а на него може да се поврзат микрофон, слушалки, шест USB стикови, има вграден Bluetooth, а може и да се поврзе на интернет.

Извор: Mashable