Изложбата „Поместени граници“ по трет пат во МКЦ

Третото издание на изложбата „Поместени граници“, која оваа година е насловена како „Молк за…“ ќе биде отворена на 22 април во Галеријата на МКЦ – Скопје од 20 часот.

Настанот го организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Град Скопје, Министерството за култура на Галеријата на Младинскиот културен центар.

„Проектот „Поместени граници“ се стреми во надминување на традиционалниот модерен приказ во ликовната уметност со тоа што додавајќи му концепт на делото кој говори преку една можеби препознатлива идеја, прави обид, а тоа е всушност и една од основните цели, да ги претстави и доближи кон пошироката публика новите аспекти на уметничкото истражување на различни начини. Овој проект има концептуален карактер, што значи дека се занимава со промислување, преиспитување, анализирање, критикување, лично видување/чувствување на стварноста, на нашето живеење“, објаснува кураторот на изложбата, Александра Зиновски Вилиќ.

На изложбата учествуваат автори членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, како и гости од странство. Меѓу нив се: Моника МотескаЗорица Зафировска, Нехат БеќириАндреј МитевскиОПААнтонио Пирковски и Лени вон Гелева, Никола УзуновскиСофија Григориаду од Грција и Ремијон Проња од Албанија.