Изложба на заборавени книги во градската библиотека во Валандово

Во Домот на културата во Валандово од пред два дена е поставена изложба на книги кои со децении останале да спијат на библиотечните полици без некој да ги позајми од градската библиотека.

Изложени се дваесетина книги, меѓу кои и оригиналното издание на „Одисеја“, која уште од 2008 година никој не ја позајмил.

Тие ќе останат изложени со цел да ги поттикнат граѓаните да читаат книги и да ги позајмуваат од градската библиотека.