Изложба на Влахо Бранѓолица во Чифте амам

Вечерва во Националната галерија на Македонија, објект Чифте, со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложба на Влахо Бранѓолица со наслов „Каламота – Подалеку од светлината“.

„Перцепцијата на уметникот ја чекаат непрегледни димензии на макро и микрокосмосот, коишто се нераскинливо поврзани во секој човек заедно со природата, а уметникот има мисија да ги открива на свој, секогаш нов начин и да ги прикажува на останатите преку уметничкото дело.

Изборот на техниката со којашто се изработени овие фотографии од Каламота укажува на особено длабок контемплативно-медитативен однос што го воспоставиле авторот и природата“, се вели во соопштението.