Изложба на Роберт Атанасовски „Новинарите во Македонија“

Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) иницира изложба на фотографии на еден од најпознатите домашни фоторепортери Роберт Атанасовски.

Темата на изложбата е „Новинарите во Македонија“. Настанот ќе се одржи во социјалниот центар „Дуња“ (спроти Градежен факултет).

Инаку, Атанасовски е фоторепортер на МКД.мк и Франс прес, добитник на повеќе домашни и меѓународни награди за своите фотографии.