Изложба на дела од отпад во Галерија Ко-Ра

Продажна изложба на дела направени од отпад ќе се одржи во вторник, 23 октомври, во Галеријата Ко-Ра, во Дом на градежници во Скопје.

Организаторите на изложбата потсетуваат дела 75 отстот од отпадот не се распаѓа и дека е потребно да се даде нив живот на оние предмети што иако може да се искористат, луѓето ги фрлаат во ѓубре.

„ Тука веќе сета планета и целиот свет е одговорен за таа човечка и лоша навика, да не селектира, да ја загадува природата, едноставно ништо да не прави со отпадот, освен што може да го исфрли во корпа и тоа е тоа.. Но ете веќе и таа свест за наша среќа и радост се подига полека полека, па и кај нас во Македонија достасува до 50% развиена свест колку што тоа го кажуваат истражувањата. Помогнете ни и на нас уметниците да твориме со отпадот.. Помогнете ни да ја развиеме таа свест кај себе и кај другите“, порачуваат изложувачите.

Изложбата се отвора во 20 часот.