Изложба на дела од Кичевската ликовна колонија во Музејот на Град Скопје

Вечерва во Музејот на Град Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена изложба на дела направени за време на 22-рата Интернационална кичевска колонија.

Колонијата која се одржува од 1994 година, годинава беше отворена од 4 до 18 јули и на неа, покрај домашните, учествуваа уметници од Казахстан, Турција, Малезија, Северн Кипар, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора и Косово. За културна размена и уметничко творење на уметниците е изграден објект „Куќа на уметноста“ , на шест километри од Кичево.

Колонијата поседува богата колекција од над две илјади ликовни дела ,слики и скулптури од познати автори од целиот свет и од земјава, кои се добиени како резултат на долгиот период на успешно работење.