Изложба на архитектонските студија на Архитектонскиот факултет во Скопје

Во Големата сала на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе бидат изложени архитектонски студија.

Изложбата ќе биде отворена утре во 11 часот, а ќе биде достапна за јавноста до 12 јули.

Настанот претставува традиционална семестрална изложба на студентските проекти на студентите на Факултетот реализирани во текот на летниот семестар во учебната 2018-2019 година.