Истражувачи создадоа литиум-воздух батерија десет пати помоќна од литиум-јонската

Новата литиум-воздух батерија создадена од истражувачи на Универзитетот Кембриџ има многу поголема густина на енергија, повеќе од 90 посто ефикасност и способност за повеќе од 2000 полнења.

Идејата за литиум-воздух или литиум-кислород батерија не е нова. Научниците веќе извесно време знаат дека овој вид на батерија може да држи десет пати повеќе полнење од литиум-јонската. Тоа значи дека еден мобилен телефон би можел да држи батерија цела недела. Она што тимот на Кембриџ успеа да го направи е да ги надмине некои од практичните предизвици кои претходно оневозможуваа литиум-воздушната батерија да биде исплатлива можност.

Новата батерија има поголем капацитет, поголема ефикасност и продобрена стабилност во споредба со претходните обиди. Оваа стабилност е од клучно значење доколку се започне со примена на овие батерии во паметните телефони и автомобилите. Освен тоа, преку промена на хемискиот состав на претходните верзии на ваквата батерија, истражувачите успеале да спречат батеријата да има помал капацитет со тек на времето.

„Тоа што го постигнавме е значителен напредок за оваа технологија и отвора нови области за истражување. Не сме ги решиле сите проблеми кои се својствени за овој хемиски состав, но резултатите покажуваат дека може да се движиме напред кон попрактичен уред“, вели Claire Grey, една од авторките на истражувањето.

Сепак, ваквата технологија ќе може да се применува дури за неколку децении. На прототипот кој е произведен му треба чист кислород за полнење, кој го има сé помалку.

Извор: Science Alert