„Исчисти го своето маало!“ – предизвик на Волонтерски центар Скопје

По повод светскиот ден на чистењето, 16 септември Волонтерски центар Скопје повикува на учество во предизвикот „Исчисти го своето маало!“ за жителите на сите скопски општини.

„Соберете ги колегите, одморете од вашата редовна работа и одете да го исчистите вашето маало. Тоа е предизвик, па ајде да го направиме уште поконкурентно – пребројте ги вашите луѓе, пребројте ги вашите кеси за отпадоци и фотографирајте пред и по вашата акција, а потоа испратете ни ги сите! Победникот ќе добие мистериозна награда“, се вели во повикот. 

Тимот волонтери акцијата на чистење ќе ја прави во петок (15 септември), а учесниците може да собираат и фотографираат најдоцна до зајдисонце во недела (17 септември), а за учество треба да се пополни и овој формулар.

Резултатите ќе бидат објавени во понеделник, на 18 септември.