Интернационалната Ромска Унија – ИРУ, како најголема активна интернационална Ромска организација, во пресрет на одбележување на 46 години од одржување на Првиот Светски Ромски Конгрес во Лондон, Велика Британија, каде на тој ден се воспоставени темелите на денешниот Ромски идентитет (знаме, химна, терминологија Роми и Ромска нација), објави отворено писмо во кое приложува барања до владите, институциите и јавноста. Писмото го пренесуваме интегрално.
- Поповод 8-ми Април – Интернационалниот ден на Ромите, ИРУ бара поголем ангажман на националните влади и истовремено и меѓународните институции во соработка со Ромските организации и институции за одбележување на настаните кои се од историска важност за Ромите. Тоа подразбира организирање на културни манифестации, конференции и научни симпозиуми.
- ИРУ бара да се одбележува и 2-ри Август – Ден на Холокаустот врз Ромите – Poramojs – Samudaripen. Отворање на поголем број на меморијални музеи, подигање и означување на спомен обележја на сите тие локации – места каде се извршени злосторствата врз Ромскиот народ. Воедно ИРУ ќе преземе правни инструменти за досегашниот ангажман и делување на организациите кои се занимаваат со Ромскиот Холокауст,
- ИРУ бара и одбележување на Светскиот ден на ромскиот јазик, 5 -ти Ноември – Ден на една од најголемата културна идентификација на ромската нација. Овој ден да се одбележи на организирање на поголем број на литературни научни симпозиуми , драмски , образовно -културни настани. ИРУ истовремено бара од Европскиот Ромски институт во Берлин, кој беше подржан од наша страна за негово отворање, поголема транспарентност и соработка на професионално ниво, во сите сегменти на нивното делување.
- Интернационалната Ромска Унија – ИРУ бара отворена преземена акција на самите држави и Влади од земјите на ЕУ и пошироко каде што Ромите побрале засолниште – азил, затоа што сите знаеме дека правото на различност е составен дел од демократијата, да се донесат стратешки документи, платформи и инструменти за заштита и почитување правата на Ромите.
- ИРУ бара поконкретни акции од НВО секторот преку направени граѓански платформи кои ќе содржат вистински цели, акции и временски рокови за нивна реализација , а во интерес на Ромите.
- ИРУ ги повикува Ромските политичките партии и политичкиот фактор да делуваат конкретно и најодговорно во решавањето на Ромското прашање и политики, и воедно во нивните програми да бидат застапени и реализирани и интересите на Ромската заедница
- ИРУ бара поголем финансиски ангажман на самите држави и институции, во реализација на сите овие приоритети, социјалната и економска политика . Истовремено се бара и поголема застапеност на Ромите во имплементација на овие приоритети, меѓу кои и програмата од ЕУ-2020, како и програмата за Западен Балкан. Транспарентност и преглед на вложените средства за нивна реализација и имплементација, со редовни извештаи , и професионално ангажирани Роми во сите сфери на делувањето.
- ИРУ ќе се залага со интернационалните преставници од членките на ЕРТФ да го продолжи дијалогот за решавање на ромското прашање во Европа и светот како на највисоко досега акцептирано тело и отварање на Ромски омбудсман во Советот на Европа, Европските институции и Обединетите Нации.
Со Почит
Зоран Димов
Претседател на ИРУ