Iron Maiden му посветува песна од новиот албум на Robin Williams

Легендарниот метал бенд Iron Maiden откри дека една песна од новиот албум „The Book Of Souls“ ќе му биде посветена на починатиот актер и комичар Robin Williams.  Песната „Tears of a Clown“, која ќе се најде на изданието што се очекува во септември, прво за групата по албумот „The Final Frontier“ од 2010, ќе биде израз на почит од бендот кон познатиот актер, кој се самоуби минатата година.

Iron Maiden му посветува песна од новиот албум на Robin Williams

„Tears Of A Clown“ е напишана од гитаристот Adrian Smith и басистот Steve Harris, а сите членови на „Iron Maiden“ велат дека често се прашуваат како е можно Williams да страдал од депресија, кога секогаш изгледал насмеан и среќен во јавноста.

Како што открива фронтменот на групата Bruce Dickinson, новото издание на Iron Maiden, кое е снимено во Париз, ќе биде првиот двоен албум во историјата на бендот, ќе излезе на 4 септември  и ќе содржи 11 песни со вкупна должина од 92 минути. Снимањето на албумот беше прекинато откако на пејачот и фронтмен Dickinson му беше откриен рак, но откако помина низ третман со радиотерапија и хемотерапија, тој доби зелено светло за настапи од лекарите.