Инстаграм е најштетна социјална мрежа за менталното здравје на младите

Инстаграм има најлоша оценка како социјален медиум, кога станува збор за неговото влијание на менталното здравје на младите луѓе, покажува анкета спроведена во Обединетото Кралство.

Анкетата била спроведена на 1.479 луѓе на возраст меѓу 14-24 години. Од нив се барало да дадат оценка на популарните платформи, на проблеми како анксиозност, депресија, осаменост, малтретирање и сликата која си ја формираат за сопственото тело.

Сепак, од Инстаграм велат дека основна цел им е да ја одржат апликацијата како безбедно место полно со поддршка за младите.

Хуманитарните организации за ментално здравје ги повикуваат компаниите да преземат дејство да се зголеми безбедноста на корисниците.

Истражувањето на Кралското здружение за јавно здравство на Велика Британија вели дека социјалните платформи треба да означуваат прекумерно користење на социјалните медиуми и да ги идентификуваат корисниците со ментални проблеми.

Според истражувањето, „социјалните медиуми само ја разгоруваат кризата со менталното здравје“ кај младите луѓе.

Сепак, може да се користи и како алатка за позитивна промена. На пример, Инстаграм откриле дека има позитивен ефект на себеизразувањето и личниот идентитет.

Околу 90% од младите користат социјални медиуми – повеќе од било која возрасна група – па тие се особено ранливи на нивните ефекти, иако не е јасно какви се тие ефекти според досегашните истражувања.