Иницијатива за болницата „Козле“ да се преименува во Трајче Нешковски, неодамна починатиот млад лекар

Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС) преку онлајн петиција бара детската болница „Козле” да се преименува во младиот лекар Трајче Нешковски, кој неодамна почина.

„Со овој чекор сакаме да ја подигнеме свеста за неговото дело, големина, заложби и пожртвуваност да помогне на пациентите и луѓето, но и на целиот здравствен систем. Сведоци сме за особеното ангажирање на Трајче Нешковски, од самиот почеток кога беше активно вклучен во работата на КОВИД-19 центарот во Детската болница „Козле“  што дотолку повеќе ја потенцира неговата величина и го отсликува неговиот карактер и душа. Како негови колеги чувствуваме одговорност и потреба постхумно да направиме напори пред општество да ја издигнеме големината на Трајче – како благороден и хуман човек,  здравствен херој, неговото дело да биде етаблирано и признаено, како во лекарската фела, така и во општеството“, стои во онлајн петицијата, која досега ја потпишаа речиси 1000 граѓани.

Нешковски почина минатиот месец во сообраќајна незгода кога му се слошило додека возел автомобил.

Петицијата е достапна на следниот ЛИНК.