Информативна кампања за правата на средношколците

Младински образовен форум на своите профили на Фејсбук, Инстаграм и Твитер започна информативна кампања за правата на средношколците. Во рамки на кампањата ќе се објавуваат информативни пораки за средношколци чија цел е да ги охрабри учениците да земат активно учество во процесот на носење одлуки во рамки на училиштата.

Целта е преку содржините на оваа кампања, проектот „Имплементација на Конвенцијата за права на детето“ да се влијае на зголемувањето на свеста и информирањето за правата кои ги имаат средношколците. Меѓу другото, оваа кампања ќе ги информира средношколците и на кој начин можат да ги остварат своите права.

МОФ им стои на располагање на сите средношколци кои сакаат да се информираат за начините и механизмите преку кои можат да ги остварат и заштитат своите права. Информативната кампањата ќе трае до крајот на јуни, 2019 година.

Проектот го спроведуваат МОФ, Коалиција на младински организации СЕГА и Првата детска амбасада Меѓаши, со поддршка на Детската фондација „Песталоци“.